- Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера го лишиле од слобода 37-годишниот гостиварец В.Н.. Како што информираат од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвена соодветена пријава.