Триесет и три годишен од пробиштипското село Пишица денеска бил задржан во полициска станица откако во неговиот дом полицијата пронашла оружје и муниција.
- Денеска, полициски службеници од СВР Штип - ОВР Пробиштип го лишиле од слобода С.Ј.(33) од с.Пишица, пробиштипско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени карабин, воздушна пушка, сигнален пиштол и 87 патрони различен калибар. Во координација со јавен обвинител, лицето е задржано во Полициската станица Пробиштип, известуваат од МВР.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава