- Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи во Гостивар, вчеравечер околу 22 часот во Гостивар ги лишиле од слобода 23-годишниот гостиварец С.Т. и 19-годишната Ј.В. од Србија.

Како што соопшти денеска МВР, при претрес во неговиот дом во Гостивар, извршен со судска наредба, а во кој била затекната и Ј.В., биле пронајдени и одземени марихуана и кокаин. Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против нив ќе следуваат пријави.