- Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 115 возачи.
Од МВР денеска соопштија дека од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 69 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 46 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.