- Казнети се 177 возачи во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Од нив, соопштија денеска од МВР, седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 87 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 90 надвор од населено место.
МВР најавува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.