- Полициски службеници од СВР Куманово утрово во 03:40 часот, го лишиле од слобода С.Д. (28) од Куманово, соопштија денеска од МВР.
На булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, тој бил затекнат при обид да одземе предмети од паркирано возило.
- Исто така, тој се сомничи дека во текот на вечерта со употреба на сила влегол во неколку автомобили на различни локации во Куманово и одзел предмети. С.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, појаснуваат од МВР.