Полициски службеници од СВР Велес вчера во 12:10 часот го лишиле од слобода И.В.(21) од Велес, кој се сомничи дека од објект на правно лице одзел повеќе предмети.
Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот, информираат од МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.