- Полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Т.К.(38) од Битола под сомнение дека извршил тешка кражба.

Како што соопшти МВР, Т.К. бил лишен од слобода на петти овој месец. Тој се сомничи дека истиот ден извршил „тешка кражба“ во куќа во Битола и одзел накит и други предмети. Со него бил извршен службен разговор, при што го признал делото.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.