Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 155 возачи.
Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 78 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.