- Во струшкото село Лабуништа, полициски службеници од ОВР Струга вчера го лишиле од слобода 26 годишниот Н.Ш. од селото.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР.

Н.Ш. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.