Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против С.Џ., на возраст од 28 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи.
Пријавениот, како што се појаснува во соопштението, пронашол платежна картичка на лице од Дебар и во три наврати ја искористил за наплата на бензинска пумпа и на други услуги.