- Триесет и деветгодишен велешанец е приведен под сомнение дека извршил кражба во продажен објект при што одзел повеќе предмети, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

- На 16.12.2023 во 21.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Е.Ј.(39) од Велес. Тој се сомничи дека околу 20.00 часот извршил кражба во продажен објект при што одзел повеќе предмети, наведува МВР во соопштението.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето е задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.