- Дваесет и едногодишен жител на Радовиш е приведен вчера во 23 часот под сомнение дека украл патничко возило, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
- Тој се сомничи дека во периодот од 19:30 до 21:30 часот во Радовиш одзел патничко возило „форд фокус“ сопственост на Т.Д.(34) од Битола, со живеалиште во Радовиш. Возилото било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било приведено во полициска станица, информира МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.