- Во селото Богомила, велешко, вчера утрото полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го привеле 20 годишниот Б.Ј.
Како што соопштио МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени ловечка пушка, две воздушни пушки и неколку патрони за ловечка пушка, кои ги поседувал без дозвола.
Известен бил јавен обвинител, а лицето било приведено во полициска станица.
По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава,најавија од МВР.