- Во Скопје вчера по преземени мерки и активности и обезбедени докази,полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.О.(35) и 27-годишната М.Ј., двајцата од Скопје,осомничени дека сториле три кривични дела, соопштија денеска од МВР.
- На 18.11.2023 тие извршиле „тешка кражба“ на дрзок начин, при што од жена одзеле чанта, на 04.10.2023 извршиле „кражба“, при што од возило одзеле лап-топ компјутер и на 13.09.2023 извршиле „кражба“, при што од женско лице одзеле мобилен телефон, се вели во соопштението од МВР.
Со двајцата биле извршени службени разговори, а по целосно документирање на случаите, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.