- Санкционирани 202 возачи за брзо возење на територијата на државата во текот на вчерашниот ден, информираат од МВР.

- Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 130 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 72 надвор од населено место, известуваат од полицијата.

Оттаму, потсетуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.