- На Градскиот пазар во Велес полициски службеници вчера го привеле 49 годишниот И.Ќ. Како што информираат од МВР, при извршен претрес кај него биле пронајдени и одземени вкупно 1.115 парчиња разновидни пиротехнички средства.
Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Воедно при преглед на тезга на Градскиот пазар во Велес, вчера полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес кај 62 годишниот Ц.З. од Велес пронашле и одзеле 300 парчиња пиротехнички средства.
Како што информираат од МВР, со лицето бил извршен службен разговор во Полициската станица Велес и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.