- Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Штип ги лишиле од слобода 25 годишниот С.Ј. и 33 годишниот О.Ј., двајцата турски државјани, со привремен престој во Штип.
При претрес во домот во кој престојуваат, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.