Во текот на вчерашниот ден во спроведените контроли во областа на сообраќајот на територија на Град Скопје изречени се вкупно 151 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30 санкции, соопштија денеска од МВР.
Од вкупниот број, седум мерки се изречени за возење без возачка дозвола, пет мерки за користење на мобилен телефон, пет санкции за минување на затворен сигнал-црвено светло...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.