- Запленети се пиштол и муниција што биле откриени од мобилен тим на Секторот за контрола и истраги при детална контрола на возило управувано од косовски државјанин на влез во државата на граничен премин Блаце, информираат денеска од Царинската управа.
Пиштолот CZ Shadow 2 и една рамка со 15 куршуми со калибар 9 мм, се откриени во кожната чантичка на возачот којашто била скриена под совозачкото седиште, а во возилото се пронајдени и 5 чаури со калибар 9 мм. Пиштолот и муницијата се одземени, а против лицето е поднесена кривична пријава.