- Полициски службеници вчера во Куманово ги лишиле од слобода К.А.(25) и Б.Ј.(26), двајцата од кумановското село Черкези.

Како што соопшти денеска МВР, тие се сомничат дека од И.Ѓ., такси возач кој ги превезувал до село Черкези, одзеле пари. Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.