- Во рамки на засилените акциски контроли на полицијата на територијата на Град Скопје вчера се изречени вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина осум санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, 17 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, седум мерки за користење мобилен телефон при возење...
Како што информираат од МВР, сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемена безбедност во сообраќајот и заеднички придонес за посигурни патишта.