Полициски службеници од СВР Тетово синоќа околу 22.10 часот го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец Ф.Ф..

Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом во Тетово, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

-Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок, информира Министерството за внатрешни работи.