На Граничниот премин „Долно Блаце“ денеска е уапсен косовски државјанин баран од Интерпол, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-Денеска во 04:30 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода А.Б.(36) од Косово, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека во службената евиденција е со мерка „апси“ од Сектор за меѓународна полициска соработка – Интерпол, информираат од МВР.

Од Министерството посочуваат дека лицето било предадено на полициски службеници во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.