Полициски службеници вчера во Штип привеле крадец, кој бил фатен при извршување кражба.

Како што соопшти денеска МВР, триесет и двегодишниот штипјанец С.Д. вчера околу 12:30 часот бил затекнат при извршување „тешка кражба“ од помошна просторија на куќа на ул.,,Железничка“ во Штип од каде одзел предмети. Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, како што информираат од МВР, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.