Дваесет и едногодишно лице и малолетник, двајцата од Тетово, се приведени при кражба на мотоцикл, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

- Рано изутринава во 02:30 часот на улицата „Иво Лола Рибар“, полициски службеници од СВР - Тетово ги лишиле од слобода М.С. и малолетник. Тие биле затекнати при кражба на мотоцикл во двор од куќа. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата се задржани во полициска станица, појаснуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.