При полициска контрола на територија на Гевгелија спроведена денеска во периодот од 11 до 16 часот санкционирани се 45 возачи, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.
- При контролата санкционирани се 45 возачи, од кои девет за возење без возачка дозвола, три моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, седум за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), едно возило за техничка неисправност, две возила привремено одземени по член 344 од ЗБСП итн, стои во соопштението од МВР.
Оттаму дополнуваат дека на сите прекршители им се изготвени соодветни поднесоци, а сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.