Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 17 часот и 15 минути во Горна Бањица лишиле од слобода малолетник од населбата Фазанерија.

Како што соопшти МВР, малолетникот се сомничи дека на 27 јануари во Гостивар извршил разбојничка кражба над друг малолетник од населбата Циглана, одземајќи му личен предмет. Одземениот предмет вчера е пронајден и вратен на мајката на малолетникот.

По целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе следува соодветен поднесок.