Азиската фудбалска федерација (АФЦ) им ги повлече денеска акредитациите на „агресивните“ новинари кои го малтретираа ирачкиот селектор, Шпанецот Хесус Касас, по елиминацијата на Азискиот куп на нации што се одржува во Катар.
Ирак во осминафиналниот дуел против Јапонија имаше водство од 2-1 сè до судиското продолжение во кое противникот постигна два гола и се пласираше во четвртфиналето.
За време на прес-конференцијата која уследи по натпреварот, неколку ирачки новинари вербално го нападнаа 50-годишниот шпански стратег, а поголем инцидент спречи обезбедувањето.
„АФЦ остро ја осудува секоја форма на непочитување и агресивно однесување, и применува политика на нулта толеранција кон таквите работи“, соопшти раководството тело на азискиот фудбал.
На новинарите на кои се однесува одлуката на АФЦ им се одземени акредитациите за турнирот во Катар, но ќе им бидат забранети и сите други натпреварувања во организација на АФЦ.
Касас е селектор на Ирак од 2022 година.