Полициски службеници вчера во Битола го лишиле од слобода 39 годишниот А.К.. При претрес во домот и просториите, кои ги користи, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети со остатоци од прашкаста материја, додека при претрес во неговото патничко моторно возило било пронајдено пакување со грутчеста материја, соопшти МВР.
Додаваат дека А.К. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.