Полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар синоќа околу 19,20 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар го лишиле од слобода 18-годишниот И.С. од гостиварско Страјане, а во 21 часот и 30 минути во гостиварско Падалиште го лишиле од слобода и 18-годишниот К.С. од ова село.

Двајцата се сомничат дека во текот на минатиот месец на гостиварското подрачје извршиле кражби во куќи, локали и моторни возила,информираат од МВР.

Појаснуваат дека двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци