Поранешниот аргентински репрезентативец, Езекиел Лавеци (38) во последните два месеци ги минува најтешките моменти во животот. По неколку хоспитализации, неодамна тој заврши на психијатрија. Беше избоден со нож во декември, а неколку недели по закрепнувањето се предозира.

„Марка“ пишува дека лекарите утврдиле што не е во ред со Лавеци. Имено, му дијагностицирале хипоманија, хронично нарушување на расположението.

-Езекиел не се лекува од злоупотреба на дрога или алкохол, туку од психолошко нарушување кое може да предизвика некој да се повреди и кое може да биде поттикнато од различни фактори, изјави адвокатот на Лавеци.

Тој објасни како една хипоманична епизода може да трае од еден до четири дена.

Хипоманијата е дел од биполарното растројство, познато и како манична депресија.

Лавеци беше најплатениот фудбалер во светот. Само во кинескиот клуб Хебеи, заработуваше над 20 милиони долари за сезона. Во својата кариера играше за Естудијантес, Сан Лоренцо, Наполи и ПСЖ, а за Аргентина забележа 51 настап и го освои сребрениот медал на Светското првенство во Бразил 2014 година