Фудбалската репрезентација на Црна Гора не успеа да се пласира на шампионатот на Стариот континент, а сметката ја плати неодамнешниот стратег Миодраг Радуловиќ. Тамошната фудбалска федерација напорно работи на пронаоѓање нов селектор, а според подгорички „Вијести“, најсериозен кандидат е легендата Роберт Просинечки.

По одличната играчка кариера, тој водеше клубови во Србија, Турција, Хрватска, Словенија, а работеше и како селектор во селекциите на Азербејџан и Босна и Херцеговина.

Тој, заедно со Сафет Сушиќ, го држи рекордот од 10 последователни победи на клупата на „змејовите“.

Тренерската кариера ја започна како помошник на Славен Билиќ во хрватската репрезентација, по што раководеше со Црвена звезда, Кајзериспор, Денизлиспор, Олимпија од Љубљана и Рудеш.

За потсетување, тој со „црвено-белите“ го освои трофејот во Купот на Србија во 2012 година.

Доколку се склучи договорот, Просинечки ќе стане седмиот селектор на Црна Гора.