Триесет и осумгодишен тетовчанец во СВР Тетово пријавил дека бил измамен од Д.А.(37) од Република Турција со кого пред десетина дена се договориле да му набави производни машини од Турција и на кого во три наврати му дал пари.
Според пријавеното, тој ниту ги добил машините, ниту му ги вратил парите, а веќе и не му се јавувал на повиците.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.