Репрезентацијата на Иран се пласираше во полуфиналето на Азискиот куп, постигнувајќи гол против Јапонија во 90+6. минута. Иранците победија со 2:1 во денешното четвртфинале.
За Иран погодија Мохамад Мохеби и Алиреза Јаханбахш кој реализираше пенал во судиското надополнување, голот за Јапонија го постигна Хидемаса Морита.
Во полуфиналето на Азискиот фудбалски куп што се одржува во Саудиска Арабија, Иранците ќе се сретнат со победникот од денешната пресметка Катар – Узбекистан (почеток 16:30 часот).
Првата полуфинална двојка ја сочинуваат Јордан и Јужна Кореја.