Битолската полиција, во рамки на контролите во областа на сообраќајот во текот на викендот (2-ри, 3-ти и 4 февруари), на територијата на СВР Битола санкционираше 226 возачи, меѓу кои 124 за возење со брзина поголема од дозволената.

Како што информираат денеска од МВР, меѓудругите, 31 возач бил казнет за возење под дејство на алкохол, а 21 за управување без возачка дозвола.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и заеднички придонес за посигурни патишта