Полициски службеници од Полициската станица граничен надзор и гранични проверки Богородица синоќа околу 19 часот во близина на село Прдејци, гевгелиско, го лишиле од слобода 39 годишниот Д.А. од Скопје. При преглед во возилото „ауди“ со српски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник, соопшти МВР.
Мигрантите се сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а лицето е задржано во полициска станица.
За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,најавија од МВР