Поранешниот селектор на Италија, Ариго Саки изјави дека Интер го заслужил успехот против Јувентус во синоќешното дерби, но оти борбата за титулата во Серија А не е завршена.

Легендарниот поранешен тренер на Милан смета и дека има простор за тимот на Инзаги да ја зголеми предноста на табелата.

-Интер заслужи да победи, но битката за титулата во Серија А не е завршена. Интер има 4 бода предност пред Јувентус, но има и натпревар помалку против Аталанта“, вели Саки во изјава за „Газета дело Спорт“.

Тој потсети дека Аталанта е тежок противник кој не се плаши од никого и повторно игра на високо ниво.

-Мислам дека сè уште има прашалници во борбата за титулата. Интер покажа поголема храброст против Јувентус, постепено ја градеше играта и на крајот тоа се исплатеше. Добро играа во одбрана и беа поконцентрирани. Во напад, исто така, се претставија добро. Јувентус беше силен во одбрана, се обидоа да постигнат израмнувачки гол, но супериорноста на Интер беше очигледна, истакна 77-годишниот стручњак во својата анализа за дербито