Аргентинецот Маурицио Покетино ќе продолжи да го води Челси. „Сините“ од Лондон доживеаја нов тежок пораз откако на „Стемфорд Бриџ“ загубија од Вулверхемптон со 2:4.

По поразот, медиумите на Островот ја отворија темата за можно ослободување на Аргентинецот од чело на тимот. Сепак, Покетино се уште ја има довербата од раководството и продолжува да се подготвува за следниот натпревар на тимот.

Челси ќе отпатува на „Вила Парк“ за да се соочи со Астон Вила во репризата од осминафиналето на ФА Купот, а менаџерот утре ќе им се обрати на медиумите.

По поразот од „волците“, поранешниот тренер на Тотенхем и ПСЖ беше силно критичен кон себе и кон играчите, велејќи дека и тие мораат да преземат одговорност за лошите резултати.