Аргентинскиот фудбалер и дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез ќе отсуствува два месеци од терените поради повреда, објавија денеска аргентинските медиуми.
Мартинез го повреди коленото на неделниот првенствен натпревар против Вест Хем, а според медиумите ги истегнал лигаментите на коленото.
Ова беше само четврти негов настап, по долга пауза исто така поради повреда.
- Катастрофа за него. Работеше многу напорно за да се врати и сега, по четири натпревари, изгледа дека повторно треба да паузира подолго, изјави тренерот на Јунајтед, Ерик Тен Хаг.
„Црвените ѓаволи“ моментално се на шестото место во Премиер лигата со 38 бодови, 13 помалку од првопласираниот Ливерпул.