Поранешниот напаѓач на Барселона и бразилската репрезентација, Ромарио во интервју за бразилски медиум изјави дека само двајца фудбалери се подобри од него во историјата.
Ромарио смета дека тоа се покојниот Аргентинец Диего Армандо Марадона и Бразилецот Пеле.
За Кристијано Роналдо и Лионел Меси, кои ги соборија сите можни фудбалски рекорди во последните 15 години, рече дека се рамноправни со него.
Како рамноправни ги издвои и сонародниците Роналдо и Роналдињо, додека смета дека е подобар од Нејмар, Адријано, Бебето, Луис Суарез, Ривалдо, Халанд, Мбапе и Зико.
Ромарио, како и Меси, го освои Светското првенство, откако го предводеше Бразил во 1994 година до титулата на Мундијалот во Соединетите Американски Држави.
Едно време беше најдобар играч на светот, две сезони помина во Барселона, а играше и за Васко де Гама, ПСВ, Фламенго, Валенсија, Флуминенсе, Ал Сауд, Мајами и Америка.
Тој постигна повеќе од 700 гола во својата кариера и е еден од ретките што постигнал најмалку 100 гола за три различни клубови (Васко, ПСВ и Фламенго).
По играчката кариера се зафати со политика, а до овој февруари беше потпретседател на бразилскиот Сенат