На територија на Град Скопје во контролите во областа на сообраќајот во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 187 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 29 санкции, соопштија денеска од МВР.
Изречени се 17 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за користење мобилен телефон при возење, седум мерки за некористење сигурносен појас...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.