ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Е.М.(34), А.М.(39) и М.М.(45), сите од дебарското село Долно Косоврасти, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконита експлотација на минерални суровини“.
Тие, на 10.01.2024 година од речното корито на реката Радика, под „Бошков мост“, неовластено извршиле ископ и утовар на песок како минерална суровина и природно богатство со цел да го користат за свои потреби.