СВР Тетово, поднесe кривична пријава против Г.И.(48) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“
На 20.12.2023, А.Р. пријавила дека од страна на пријавениот, со закана и биле земени 5.000 евра како обештетување за навредите кои биле упатени кон него од страна на нејзиниот син преку социјална мрежа.