Во рамки на акциската контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возачи кои се движат со брзина поголема од дозволената полицијата казни 149 возачи.
Од нив, како што соопшти МВР, пет возачи управувале со возилата со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а двајца со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 70 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 79 надвор од населено место.
Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.