Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје вчера во 15,10 часот во село Волково,скопско го лишиле од слобода 31 годишниот И.К. од Волково. Како што информираат од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, најавија од МВР.