Во текот на вчерашниот ден во спроведената акциска контрола на територијата на државава за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, казнети се 183 возачи, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 93 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 90 надвор од населено место.
Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.