Две жртви и повредени лица има во тешката сообраќајна несреќа која се случила денеска во 12.42 часот на експресниот пат Штип-Кочани во близина на селото Чешиново, потврди за МИА портапролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.
-Сообраќајот е во прекин, од она што првично можеме да информираме е дека има повредени лица и две жртви, а во неа учествувале неколку возила, изјави Панајотова.
Таа додава дека ова се првични информации, во тек е увидот од страна на истражните органи. Од дежурната амуланта во Клиничка болница-Штип информираат дека од тешката сообраќајна несреќа е донесено едно повредено лице, кое во моментов е на иследување. Во моментов сообраќајот се одвива по стариот регионален пат.