Полициски службеници од СВР Битола вчера ги лишиле од слобода битолчаните И.Н.(28) и И.Ч.(24).
-При претрес во домот на И.Н., извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Додека, при претрес во домот на И..Ч., извршен, исто така, со судска наредба, била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана, соопшти денеска МВР.
По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.