Полициски службеници од СВР Велес вчера го лишиле од слобода Е.Ј.(39) од Велес осомничен дека претходно извршил кражба во домот на Ќ.В.(71) од Велес, при што одзел повеќе предмети.
-Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. Е.Ј. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи.